4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat заедно со Mitsubishi ќе прави голем пикап

Fiat заедно со Mitsubishi ќе прави голем пикап

fiat pikap

„Fiat“ ги здружи силите со „Mitsubishi“ со цел да ја започне изработката на веќе одамна најавениот голем пикап, кој во понудата на италијанскиот производител ќе се најде во Европа и Јужна Америка.

Неофицијални извори наведуваат дека „Mitsubishi“ на „Fiat“ ќе му ја обезбеди верзијата „L200“, a се очекува дека пикапот ќе се најде во продажба во 2016-та година.

Серџо Маркионе планира до 2016-та повторно да постигнува профит со својата компанијата која во последните три години загуби 2.15 милијарди евра. Одделението „Fiat Professional“ ќе биде задолжено и за новиот пикап, а еден од ретките успешни сегменти во компанијата, кое на годишно ниво носи заработка помеѓу 200 и 300 милиони евра.

Меѓу плановите на „Fiat“ е и зголемувањето на глобалната продажба на 600.000 единици до 2018-та година во однос на 413.000 продадени примерци во минатата година.

Во моменталната понуда на италијанскиот производител е моделот „Strada“, мал пикап кој се произведува во Бразил за европскиот и јужноамериканскиот пазар, а големиот пикап е повеќепати најавуван, но никогаш не заживеа, па поради тоа прашање е дали овој пат тоа ќе се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП