3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Z е првиот смартфон со Tizen OS

Samsung Z е првиот смартфон со Tizen OS

tizen samsung22

По многу објавувања, „Samsung“ денеска службено го претстави првиот паметен телефон со оперативниот систем „Tizen“, со кој сакаат малку да ја намалат зависноста од „Android“.

„Samsung Z“ во текот на летото ќе биде достапен во Русија, а имаат во план да го претстават и на други пазари.

Покрај тоа што ќе има свој „OS“, „Samsung“ во овој уред вгради 4.8-инчен „Super AMOLED“ екран со 720p резолуција. Смартфонот користи четири јадрен процесор со такт од 2,3 GHz, како и со 2 GB работна и 16 GB интерна меморија. Батеријата е со капацитет од 2600 mAh, a како и на „Galaxy S5“, „Z“ ќе има сензор за отпечаток на прст. Тие што сакаат фотографирање тоа ќе може да го направат со камерите од 8 и 2,1 мегапиксели.

„Samsung“ се пофали дека нивниот „Tizen“ телефон има побрзо време на подигнувње и поефикасни мултитаскинг можности, а тука е режимот за штедење на батеријата како на „S5“.

Не е познато по која цена ќе се продава овој уред, а „Samsung“ ќе го претстави на конференцијата на програмери за „Tizen“ во Сан Франциско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП