2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбложувачката мафија му се заканува на Мундијалот

Обложувачката мафија му се заканува на Мундијалот

fifa brazil22

Десет дена до почетокот на Светското првенство во фудбал, а над Мудијалот во Бразил се појави „темна сенка“, откако познатиот американски весник „New York Times“ објави дека постојат сомневања дека ќе има обиди за местење на натпревари поради заработка при обложување.

Американскиот медиуми направи свое истражување и дојде до извештаи на „FIFA“ кои докажуваат дека имало наместени средби пред Светскотото првенство во 2010-та година во Јужна Африка, а според сведоци, во целата афера требало да биде вклучена и неименувана судиска тројка од Босна и Херцеговина.

Се уште ништо официјално не е потврдено, но „New York Times“ пишува дека според тој извештај може да се заклучи дека организираните криминални групи кои се занимаваат со наместени наптревари вметнале свои судии во највисоките структури на глобалниот фудбал, што значи дека тие би можеле да судат и на Мундијалот во Бразил, па „FIFA“ стравува од можни скандали во оваа земја.

Во извештајот постои сомневање за пет, а можеби и повеќе наместени натпревари пред СП 2010-та во Јужна Африка. Криминалните организации најверојатно се обиделе да наместат 15 подготвителни средби, а меѓу нив е дуелот САД и Австралија, што може да се заклучи според интервјуата и „e-mаil“ пораките кои се наведени во извештајот на „FIFA“, кој има 44 страни и во него детално е образложено на кој начин професионалните измамници можат да наместат некој натпревар, пишува „Times“.

Местењето е организирано по пат на сингапурската компанија „Football 4U“, која вршела притисок на вршителот на должноста претседател на судиската организација на Јужноафричката Република, Стив Годард, на нив да им го препушти именувањето на судиите за одредени пријателски средби.

Инаку, оваа компанија ги понудила своите услуги за плаќање на судиите, нивното сместување и сите останати трошоци во нивните фудбалска федерација, кои имале финансиски проблеми. Но, зад ова се сокривал обидот за местење натпревари.

Според тој извештај, босанската судиска тројка би требало, по наредба на сингапурската компанија, да го суди натпреварот САД-Австралија на 5-ти јуни, но Годард ги предупредил тие држави дека постои обид за местење, па мечот кој заврши 3-1 за американците на крајот ја судеше домашна тројка. Наведено е дека боснските судии по отркивањто на скандалот добиле доживотна забрана за вршење на должноста.

Во извештајот е наведен и конкретен пример на судија од Нигер, Ибрахим Чаибу, кој во мај 2010-та, според сведочењето на неговиот неименуван колега, влегол во банка со торба во која имало 100.000 долари со апоени од 100 долари.

Подоцна во истиот тој ден ја судел подготвителната средба меѓу домаќинот на Мундијалот Јужна Африка и Гватемала. Чаибу на натпреварот имал неколку одлуки кои биле доста сомнителни. Тој досудил дури два пенали поради наводно играње со рака, а неговото судење е оценето многу лошо.

Интересно е што добил можност да суди натпревар што најверојатно го препорачала компанијата со седиште во Сингапур, јужноазискиот град кој се наведува како седиште на организираниот криминал и кој се занимава со местење на натпревари за заработка од обложувањето.

Во извештајот на „FIFA“ наводно стои дека криминалците дури им се закануваат со смрт на судиите кои одбиваат да учествуваат во нечистите работи. Американскиот весник направи и свое истражување во врска со наместените натпревари на СП во Африка, така што објави десетина интервјуа со челници на „FIFA“, судии, коцкари, истражители и експерти за слична тематика во Јужна Африка, Малезија, Англија, Финска и Сингапур, а со тоа дојде и до стотина страници на доверливи документи на „FIFA“ кои разоткриваат како се местат средбите на највисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП