3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПредводникот на Acer се нарекува Liquid X1

Предводникот на Acer се нарекува Liquid X1

smartfon acer

„Liquid X1“ e смартфонот предводник на „Acer“ за оваа година, а тој доаѓа со 5.7-инчен екран со резолуција од 1280×720 пиксели.

Овој уред користи „MediaTek“ процесор со осум јадра (MT6592 ) SoC и со такт од 1,7 Ghz, има графика со четири јарда, 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија која по потреба можете дополнително да ја проширите со „micro SD“ мемориска картичка.

Технички „Liquid X1“ поддржува „Wi-Fi 802.11 a/b/g/n“, „4G LTE“ (150 Mbps), „3G HSPA+“, „Bluetooth 4.0“ и „GPS“. И овој смартфон доаѓа со две камери, предна која има резолуција од 2 MP, a пак задната е од 13 MP. „Acer“ го опреми „Liquid X1“ и со „Acer Zoom Fit“, „AcerRAPID“ и „AcerFLOAT“.

„Liquid X1“ има батерија со капацитет од 2700 mAh, „Android“ оперативен систем во верзијата „KitKat 4.4“, a може да се набави во црна и црвена боја, т.е. во верзии со поддршка за една, односно две „SIM“ картички. Овој смартфон на пазарот ќе пристигне во текот на јули оваа година, но засега неговата цена не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП