26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете како се составува Rolls-Royce Phantom (видео)

Погледнете како се составува Rolls-Royce Phantom (видео)

Rolls-Royce-Factory-Goodwood

„Rolls-Royce“ е познат по рачното производство на своите автомобили. Купувачите на моделите на овој производител очекуваат исклучиво врвен квалитет и луксуз, па поради тоа во процесот на изработка и за најмалиот детал е посветено големо внимание.

Неодамна имавме можност да видиме како може да завршат некои примероци на „Rolls-Royce Phantom“, доколку се најдат во погрешни раце. Каналот „Discovery“ во една од епизодите на серијалот „How It’s Made“, ни откри како се составува овој автомобил.

За разлика од модерните погони во кои се изработуваат „обичните“ возила, во фабриката на „Rolls-Royce“ нема производни линии, а поголемиот дел од работата ја извршуваат луѓето. Со оглед дека нивни приоритет е квалитетот на изработка, а не квантитетот, склопувањето на еден „Phantom“ трае и по неколку недели.

Во процесот на производство се вклучени врвни занаетчии, а со тоа секој елемент на луксузниот ентериер би имал пропишан квалитет и точни димензии, кои гарантираат дека сите делови подоцна прецизно ќе се вклопат во една целина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП