26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A3 ultra со потрошувачка од 3,3 l/100 km

Audi A3 ultra со потрошувачка од 3,3 l/100 km

audi a3 ultra

По претставувањето на неколку модели „ultra“ – „A4“, „A5“, „A6“ и „A7“, „Audi“ ја објави веста и за појавувањето на „Audi A3“ во верзијата „ultra“. Станува збор за посебно возило целосно прилагодено за намалување на потрошувачката на енергија. „Audi A3 ultra“ ќе биде достапен во сите четири форми (купе, „Sportback“, седан и кабриолет), а основниот модел ќе го придвижува 1,4-литарски „TFSI“ мотор со 150KS.

Станува збор и за тоа како моќен мотор, со системот „Start/Stop“, а технологијата вклучува и два цилиндри во моментите кога не е потребна голема моќ. Со аеродинамичките подобрувања, „Audi A3 ultra“ ќе троши само 4.7 литри гориво на поминати 100 километри. Дури и емисијата на издувни гасови е значитено намалена, па се проценува дека ова „Audi“ емитува само 109 грама „CO2“ по километар.

Иако комплетниот автомобил е прилагоден за максимално искористување на горивото, перформансите не се жртва на ваквата мерка. Верзијата со три врати до 100 km/h стигнува за 8,1 секунди. Интересно е дека „Audi A3 ultra“ е достапен покрај мануелниот и со автоматски менувач.

Верзијата со 1.6-литарски „TDI“ мотор со 110KS исто така е достапна за седан, купе и „Sportback“ верзиите. Се проценува дека вака опремениот „Audi A3“ троши 3,3 литри на поминати 100 километри, додека емитува само 88 грама на „CO2“ на поминат километар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП