26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпјутерот Lenovo A740 (видео)

Компјутерот Lenovo A740 (видео)

lenovo nov laptop

„Lenovo“ на годинешниот „CES“ го претстави „All-In-One“ компјутерот кој се нарекува „A740“, неколку месеци подоцна овој уред се појави и на официјалната интернет страна на компанијата.

„Lenovo A740“ има 27-инчен„Quad HD“ екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Екранот е чувствителен на допир и истовремено поддржува до десет допирни точки.

Овој уред работи на процесорот „Intel Core i7-4558U“ со две јадра кој има такт од 2,80 Ghz (Turbo 3,3 Ghz), има 8 GB DDR3 RAM и„Nvidiа GeForce GTX 850M“ графичка картичка која засега е со непозната количина на меморија.

Што се однесува до просторот за чување на податоци, „Lenovo“ се погрижи компјутерот да има хард диск со капацитет од 1 TB и со 8 GB SSHD „cache“. Од „Lenovo“ се особено горди на дизајнот и употребата на алуминиум при изработката, т.е. посебно го истакнуваат најтенкиот дел на„A740“ кој е дебел само 4 милиметри.

Компјутерот поддржува работа со помош на наредби издадени со движење на рацете или преку глас. Со помош на вградената „web“ камера може да вртите страници, може да преминувате од една на друга песна, да го менувате волуменот и слично. За квалитетот на звукот се погрижија стерео звучниците од „5 W“, a за кои се потпишува компанијата „JBL“.

Останатите спецификации вклучуваат четири „USB 3.0“ порти, „HDMI“ порт, 6-во-1 читач на картички, како и поддршка за „NFC“.

Во цената на компјутерот е пресметан и оперативниот систем (Windows 8.1) и„Microsoft“ канцеларискиот пакет во верзијата „Home and Business 2013“. Овој уред во продавниците ќе пристигне на крајот на јуни по цена од 2.217 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП