4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на таблети ќе забави побрзо отколку што се очекуваше

Продажбата на таблети ќе забави побрзо отколку што се очекуваше

ipad tab

„Apple“ во својата историја немаше проблем да жртвува една група на производи, за да овозможи развој на друга група производи.

Веќе сега постојат предвидувања дека продажбата на „iPad“ драстично ќе биде послаба кога (односно доколку) „Apple“ претстави „iPhone“ со дијагонала на екранот од 5.5-инчи.

Предвидувањата на „IDC“ велат дека забавувањето на продажбата на таблети ќе дојде побрзо од очекуваното. Се предвидува во оваа година да се продадат 245.5 милиони таблети, што е раст од „само“ 12,1% во однос на продажбата од минатата година. За потсетување, во 2013-та година забележан е раст во однос на 2012-та од дури 51,8%.

За време на последните презентации на бизнис резултатите, Тим Кук рече дека „iPad“ е најбрзо продаван уред во историјата на компанијата, но причината за ова забавување не е јасна.

Пред се, нов таблет не се купува така често како што е во случајот со телефоните, додека втората причина би можела да биде подемот на фаблетите, односно телефоните со прилично голем екран.

Во овој момент, фаблетите се сегмент на мобилните телефони, кој најбрзо расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП