25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ја превзема Capptain (видео)

Microsoft ја превзема Capptain (видео)

cappitan

„Microsoft“ ја превзема француската компанија „Capptain“, специјализирана за технологија која овозможува приказ на различни информации на апликациите на екранот на уредот.

„Capptain“ им помага на програмерите на апликации да ги задржат корисниците со испраќање на известувања кои поттикнуваат продолжение на користењето на апликациите. Испраќањето на известувања се темели на податоците за однесувањето на корисникот и анализа во реално време.

Во „Microsoft“ истакнаа дека со ова превземање ќе ја подобрат својата услуга „облак“ и ќе понудат нови можности за програмерите на мобилни апликации.

Финансиските и други детали поврзани со ова превземање не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП