2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple работи на „луди“ уреди!?

Apple работи на „луди“ уреди!?

Apple Beats Acquisition

„Apple“ во неколку наврати спомена дека подготвува „неколку импресивни производи“ за во 2015-та година. И додека многумина шпекулираат за „iWatch“, поголем „iPhone“ и за „Apple TV“, аналитичарот Питер Мишек смета дека плановите на компанијата се значително „полуди“ од тоа.

Мишек во минатото најавуваше грандиозни предвидувања во врска со производите на „Apple“, и покрај тоа што многу од нив не се реализираа.

Меѓутоа, и натаму е интересно да се види што дознал во разговор со добавувачите на „Apple“, кои тврдат дека иновациите на компанијата се забрзуваат.

Целата листа на наводните прототипови на кои компанијата работи, се движи од можни, па се до невозможни.

„Apple“ наводно тестира 5.5-инчен 2K 660ppi смартфон, 4K iTV со гласовна контрола и контрола на движење, „MacBook Air“ со екран чувствителен на допир и „A8“ чип, како и 4-инчен „iPhone“ кој може да се „претвори“ во „iPad Mini“.

Мишек исто така тврди дека компанијата тестира неколку часовници со закривен екран, фитнес сензори и поддршка за мобилно плаќање.

Сепак, малку е веројатно дека овие производи ќе го здогледаат светлото на денот, а дури и самиот Мишек нагласува дека „Apple“ можеби намерно пушта вакви информации за да ја збуни конкуренцијата.

Меѓутоа, доколку компанијата навистина тестира некои од овие уреди и натаму е можно до крајот на годината навистина да видиме нешто неверојатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП