24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel забрзано работи на развој на таблет уредите

Intel забрзано работи на развој на таблет уредите

IntelEd_PHill_AngleLf_RevDock_086

„Intel“ има во план да ја прошири својата понуда, но и да го забрза развојот на производи наменети за користење во таблетите. За таа цел, компанијата склучи стратешка соработка со „Rockchip“.

Според договорот, двете компании ќе понудат мобилна „SoC“ платформа под знакот на „Intel“. Новата платформа ќе се темели на „Atom“ со четири јадра и со интегрирана „Intel 3G“ модемска технологија.

Со ова ќе се прошири понудата во линијата на „Intel“ за интегрирани мобилни „SoC“ платформи, „SoFIA“ за основни и ценовно поволни мобилни уреди со системот „Android“, a појавувањето на пазарот се планира за првата половина на 2015-та.

По денешната објава, линијата „Intel SoFIA“ се состои од три различни верзии, вклучувајќи ја и „3G“ верзијата со две јадра која би требало да започне да се испорачува во текот на четвртиот квартал од оваа година. „3G“ верзијата со четири јадра се очекува да се појави во првата половина на 2015-та, а „LTE“ верзија, исто така се очекува во текот на првата половина од следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП