8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Хјундаи-Киа“ прогласен за најеколошки производител на возила во САД

„Хјундаи-Киа“ прогласен за најеколошки производител на возила во САД

kia

Јужнокорејскиот конзорциум „Хјундаи-Киа“ е прогласен за најдобар во категоријата на производители на „зелени“ автомобили на американскиот пазар на возила, објавија денеска со голема помпа медиумите во Јужна Кореја.

„Хјундаи-Киа“ е во групата од шесте најпродавани автомобили во САД, а првото место во оваа, се поценета категорија кај купувачите, го освои пред „Хонда“, која во последните пет години беше прогласувана за најдобра во оваа категорија на американскиот пазар.

Рангирањето е засновано на ефикасноста на автомобилите според потрошувачка на гориво и емисијата на издувни гасови.

„Хонда“ и натаму е при врвот, како втор најквалитетен производител, а третото место го делат „Тојота“, „Нисан“ и „Фолксваген“, додека дури на шестото место се рангирани автомобилите на „Форд“ и „Крајслер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП