1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPanasonic повлекува 43.000 лаптопи поради опасност од пожар

Panasonic повлекува 43.000 лаптопи поради опасност од пожар

letsnote_012

Jапонската корпорација „Panasonic“ одлучи да повлече повеќе од 43.000 лаптопи од серијата „Let’s note“, а причината за тоа е дефект на батеријата која може да предизвика прегревање и палење на уредот.

Како што соопшти компанијата, предмет на сервис се моделите „SF-S10“ и „CF-N10“, произведени во периодот од април до јули 2011-та година.

За да се стопираат посериозни проблеми, сопствениците на овие модели треба да ги исклучат од изворот на енергија, се наведува во соопштението. Компанијата вети дека на своите клиенти ќе им изврши бесплатен сервис на лаптопите во најскоро време.

Досега „Panasonic“ доби три поплаки за палење на компјутерите „Let’s note“. Во ниту еден од тие случаи сопствениците не се повредени.

Во април оваа година поради иста причина се повлечени лаптопи од серијата „Vaio“ на другата јапонска корпорација – „Sony“. Во овие преносни компјутери се вградени батерии кои ги произведува компанијата „Panasoniс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП