4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа автомобилот на Google без волан и педали (видео)

Вака изгледа автомобилот на Google без волан и педали (видео)

google vozilo

„Google“ направи автомобил без волан и педали, бидејќи е со автоматско управување, соопштија американските медиуми. Автомобилоте со две седишта и не е наменет за продажба.

Компанијата се надева дека за една година 100 прототипи од ова возило ќе се најдат на патиштата. Тие ќе се движат бавно со максимална брзина до 40 км/ч. Тоа е наредната фаза од проектот на „Google“, при која автомобилите„Lexus SUV“ и „Toyota Prius“ со специјална опрема од сензори и компјутери изминаа илјадници милји во Калифорнија. Тие сепак имаа и резервни возачи со волан и педали кои можеа да интервенираат по потреба. Со новите автомобили целосно ќе се елиминира човечкиот фактор.

google vozilo1

Најголемата пречка за проектот е законодавството. Се очекува до крајот на годината да бидат донесени посебни одредби за автомобилите без возач во Калифорнија.

Експерименталните автомобили на „Google“ нема да имаат ниту волан, ниту педали, ниту кочници. Наместо тоа се предвидени копчиња за старт и стоп. Тие ќе се електрични и компактни, а изгледаат соодветни за густ градски сообраќај. Тест верзиите сепак ќе имаат волан и педали, бидејќи тоа се бара од законодавството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП