2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро Microsoft преведувач за Skype

Наскоро Microsoft преведувач за Skype

Windows-Store133

Со цел да поврзат што е можно повеќе луѓе кои говорат различни јазици, американскиот производител на софтвер „Microsoft“ планира во текот на оваа година да лансира тест (бета) верзија на програма за преведување на гласовната комуникација на „Skype“.

Новиот преведувач на почетокот ќе биде како тест апликација за „Windows 8“ пред истекот на 2014-та година, а специјалните интернет поратали ја пренесоа објавата на Гурдип Пал, корпоративниот потпретседател на „Skype“ и „Lync“ на неговиот блог.

„Преведувачот е подружница на истражувачкиот проект на „Microsoft“, кој има за цел осигурување на брза комуникација меѓу лицата кои говорат различни јазици. Пример е инвестирањето на „Microsoft“ во основното истражување“, напишал Пал.

На конференацијата чиј домаќин беше еден специјален технолошки портал, Пал направи демонстрација на преведување на говорот во скоро реално време од англиски на германски и обратно, комбинирајќи го гласот на „Skype“ и технологијата за испраќање на инстант-пораки.

Тој разговараше со Дијана Хенрикс, вработена во „Microsoft“, која говорела на германски.

Оваа технологија за прв пат е претставена во 2012-та во Кина, кога поранешниот шеф за развој на „Microsoft“, Рик Рашид зборувал на англиски, а неговиот говор бил преведен на мадарински кинески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП