3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појави фотографија на Lenovo Vibe Z2 Pro

Се појави фотографија на Lenovo Vibe Z2 Pro

lenovo pro2

Неколку фотографии за кои се тврди дека прикажуваат се уште непознат модел на паметен телефон на „Lenovo“, се појавија на кинеската друштвена мрежа „Weibo“. Најверојатно се сликани на интерно преставување внатре со самата компанија, а некој успеал да ги прошверцува и да ги пласира во јавност. На нив јасно се гледа новиот модел на смартфон на „Lenovo“, а веројатно станува збор за „Vibe Z2 Pro“.

Покрај куќиштето со дебелина од дури 7,7 милиметри ќе се најде и „WQHD“ екран (2.560 x 1.440) со дијагонала од 6 инчи, 16-мегапикселна камера со двоен блиц, процесорот „Snapdragon 801 SoC“ со такт од 2,5 GHz, како и големата батерија од 4.000 mAh. Уредот се карактеризира со тенка рамка околу екранот и поддршка за две „SIM“ картички.

Интересно, на металната позадина на мобилниот е истакнат натписот „Vibe“, без споменување на името на компанијата. Ова би можело да значи и дека овој производител наскоро ќе започне своите телефони (или можеби само премиум моделите ) да ги потпишува со името на брендот, наместо со стандардното лого на „Lenovo“.

Бидејќи станува збор за некомплетна информација, можеме наскоро да очекуваме официјална презентација од страна на „Lenovo“, но засега не се знае кога тоа ќе се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП