7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda CitiJet - не треба секое возило да биде кабриолет! (фото)

Škoda CitiJet – не треба секое возило да биде кабриолет! (фото)

kbr skoda

Постојат модели на автомобили кои изгледаат убаво и во кабриолет верзија, како и оние кај кои трансформацијата во возило со отворен покрив не дала најдобри резултати. Постојат и оние, третите, кои воопшто не треба да ги замислуваме без покрив.

Во „Škodа“ помислиле дека од малиот градски автомобил „Citigo“ може да се направи кабриолет. Проектот го превзема група млади дизајнери кои се наоѓаат на обука во „Škodа“, но под водство на главниот дизајнер на чешкиот производител, Јозеф Каблан.

Како резултат на шестмесечната работа, настана концептот „CitiJet“ кој ќе има премиера на фестивалот „Wörthersee“ во Австрија.

kbr skoda1

Младите дизајнери дадоа се од себе, но се добива впечаток дека „Citigo“, како и другите два сродни модели на „VW“ групацијата, „Volkswagen Up!“и„Seat Mii“, не е развиен со идеа од него да настане кабриолет.

За да се компензира недостатокот од покрив, конструцијата е зајакната со рол-бар елементи зад предните седишта и на задниот дел од автомобилот, па „Citigo“ стана двосед.

Автомобилот е обоен во плаво-бела комбинација со одговарачки 16-инчни алуминиумски бандажи во контрастни бои, а опремен е со истиот 1.0-литарски мотор со 75 ks, кој е во понудата на обичните „Сitigo“/„Up!“/„Mii“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП