6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFleunce ќе се произведува во Малезија

Fleunce ќе се произведува во Малезија

Renault-Fluence-Malaysia

„Renault“ најави дека заедно со својот малезиски партнер, компанијата „Tan Chong Motors“, ќе започнат производство на моделот „Fluence“ и тоа во оваа азиска земја. Најавата за почетокот на производството на „Renault Fluence“ во Малезија е дел од стратегијата на францускиот производител да го зголеми своето присуство на пазарот во југоисточна Азија.

По Тајлнад и Индонезија, Малезија е третата економија по значење во овој регион. Во последните 30 години оваа земја имаше годишен економски раст од 5 проценти, благодарејќи на тоа стандардот на нејзините жители е меѓу најголемите во југоисточна Азија.

Раст бележи и автомобилскиот пазар, па во 2013-та во Малезија се продадени околу 645.000 возила, што е за 5 отсто повеќе од 2012-та.

Покрај растот на производството на автомобили, „Renault“ ќе ја прошири и дистрибутивната мрежа во Малезија. Во план е до 2016-та година бројот на продажно-сервисни места да се зголеми на 25.

Моментално, францускиот производител во оваа земја ги продава „Megane RS“, „Clio RS“, „Koleos“ и „Fluence“, a предвидено е во иднина да понудат уште некои модели. „Renault“ планира до 2018-та да стане еден од трите најголеми европски производители на автомобили во Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП