2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакерите ја „продолжиле“ поддршката за Windows XP

Хакерите ја „продолжиле“ поддршката за Windows XP

xp podd

Хакери пронајдоа начин да обезбедат и натамошна поддршка за „Windows XP“, иако таа официјално престана да важи.

„Microsoft“ предупреди за „пакетот“ кој овозможува натамошно примање на безбедносни ажурирања, откако во април престанаа да го поддржуваат овој оперативен систем.

Малата промена во „Windows XP“ прави тој кај серверите да делува како друга верзија на софтверот, кој и натаму има поддршка.

Од компанијата предупредуваат дека ако корисниците го исталираат, можат да имаат проблеми со компјутерите, затоа што тој не е тестиран за „Windows XP“.

Проблемот со „Internet Explorer“ кој им овозможува на хакерите да воспостават контрола над „Windows“ компјутерите, исплива на површина само неколку дена откако „Microsoft“ ја укина поддршката за „XP“.

Подоцна овој „bug“ беше поправен, но експертите предупредуваат дека тоа е само почеток и ако и натаму корисниците инсистираат на користење на „Windows XP“, барем да ги употребуваат другите пребарувачи како „Google Chrome“ или „Firefox“.

Се проценува дека околу 430 милиони компјутери и натаму имаат некоја верзија на „XP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП