17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple сака iPhone да го контролира вашиот дом

Apple сака iPhone да го контролира вашиот дом

apple home

Судејќи според извештајот на „The Financial Times“, „Apple“ работи на нова софтверска платформа која „iPhone“ би го претворила во далечински управувач кој би го контролирал светлото, безбедносните системи и другите апарати во домаќинството.

Оперативниот систем на „Apple“ – „iOS“ е веќе дом на растечки број на поврзани производи како што се „Philips Hue WiFi“ светилките, „Nest“ термостатот и неколку контролирани уреди од страна на „iPhone“.

Меѓутоа, „Financial Times“ пишува дека „Apple“ наскоро ќе претстави нова централна платформа која ќе нуди значително искуство на поврзување.

„Интегрираниот систем на „Apple“ ќе го олесни прилагодувањето и контролата над новите „паметни“ уреди во домаќинството. На пример, светлата во домот кои автоматски ќе се вклучуваат кога сопственикот ќе влезе во домот, така што „iPhone“ ќе испрати сигнал дека тој пристигнал. Ваквиот систем е нагласен во патент кој компанијата го поднесе во 2013-та година“, се вели во веста на весникот.

Ова може да се направи како надоградба на „Mfi“ програмата на „Apple“ за овластени додатоци, но „Financial Times“ известува дека станува збор за целосно ново брендирање.

„Системот ќе биде сличен на постоечкиот „Made for iPhone“, брендот чии ознаки имаат слушалки, звучници и други додатоци, но со ново име и лого. „Apple“ можеби ќе понуди и дополнителни проверки за сертифицираните производи да не бидат ранливи на напади на хакери“, истакнуваат од „Financial Times“.

Се уште не е познато кои се новите софтвери, хардвери и поддршки кои „Apple“ ќе им ги понуди на компаниите кои прават паметни домашни уреди за „iPhone“.

Овој текст не се занимава со самата технологија за платформата, но се шпекулира дека „Apple“ би можел да се потпре на „NFC“ чипот од новиот „iPhone“ наместо „Bluetooth LE“ технологијата која моментално се користи за „PayPal“ и „iBeacon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП