3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYoutube најавува многу новитети (видео)

Youtube најавува многу новитети (видео)

yt noviteti

Популарниот видео сервис „YouTube“ подготвува многу новитети, меѓу кои е и еден кој ќе го трансформира „YT“ во платформа за масовно финансирање на проекти. Авторите на видеата така ќе можат директно на „YouTube“ од своите обожаватели да собираат пари за проекти.

На „YouTube“ пари можете да заработите најчесто на два начини: огласување на самата платформа и собирање на пари од оние кои се подготвени да ви ги донираат. Ова второто се прави на некои други места (Kickstarter, Indiegogo, PayPal…), a „YouTube“ служеше само како „излог или мамец“. Би било многу подобро, а за „YouTube“ и покорисно (потенцијално и исплатиливо), кога сето тоа би се одвивало на едно место.

Надоградбата која би го овозможила тоа се уште не е готова, така да нема објаснување за тоа како парите ќе бидат поделени, како и каде таа опција ќе биде сместена. Се очекува дека „YouTube“ комплетната информација ќе ја објави во текот на летото.

Од другите новитети, тука е апликацијата која е наменета за административниот канал на „YouTube“. Управувањето со коментарите, статистиките и други значајни работи ќе бидат достапни не само на интернет страната, туку веќе и со помош на смартфоните и таблетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП