2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCaterham се продава за 430 милиони евра

Caterham се продава за 430 милиони евра

cat224

Сопственикот на произодителот на автомобили специјализиран за изработка на спортски модели, малезискиот бизнисмен Тони Фернандес, планира да ја продаде оваа компанија, известуваат медиумите во Малезија.

Како што се наведува, Фернандес има намера да ја продаде комплетната групација „Caterham“, вклучувајќи го и тимот кој учествува во натпреварувањето во Формула 1, но и одделението кое произведува автомобили опремени за возење на јавни патишта.

Според истиот извор, сегашниот сопственик за „Caterham“ бара 350 милиони фунти (околу 430 милиони евра).

Како една од причините за продажба се наведуваат лошите резултати на „Caterham F1“ тимот во досегашното натпреварување. Друг проблем со кој најверојатно се соочува„Caterham“ е откажувањето на компанијата „Renault“ oдсоработката на развој и производство на новиот модел на спортската марка „Alpine“, која претходно беше договорена помеѓу двата производители.

Сопственикот на „Caterham“, Тони Фернандес во јавноста е познат и како извршен директор на авио-компанијата „Air Asia“, но и како мнозински сопственик на англискиот фудбалски клуб „Queens Park Rangers“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП