26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes GLA со помош на Brabus стигна до 400 ks (фото)

Mercedes GLA со помош на Brabus стигна до 400 ks (фото)

gla brabus

По новата „A сlasѕ“ и купе лимузината „CLA“, „Brabus“ дополнително го усоврши и третиот компактен „Mercedes“, кросоверот „GLA“. Покрај промената на надворешноста на возилото, подобрувањата опфаќаат и зголемување на погонската единица.

Промените на надворешноста подразбираат и нов преден браник, „Brabus“ вгради и специјални „LED“ светла и додатоци на праговите, кои се активираат при отклучување или отворање на вратата.

gla brabus1

Светилките за осветлување на земјата во непосредна близина на возилото им овозможуваат на патниците и во темница без проблем да влезат и излезат од автомобилот.

На задниот дел на „Mercedes GLA“ е инсталиран нов покривен спојлер, додека редизајнираниот браник има четири издувни цевки од нерѓосувачки челик.

gla brabus2

Во екстремната верзија, „Brabus“ нуди специјално дизајнирани 21-инчни алуминиумски гуми со димензии 255/30, но на купувачите на располагање им се и нешто помали бандажи од 18 и 20 инчи.

Растојанието од земја е зголемено за 30mm во однос на стандардниот „GLA“, а тоа е направено со интервенција на системот за суспензија. Сепак, оние кои сакаат да уживаат во спортското возење, достапна е и спортска суспензија која во споредба со стандардниот систем го намалува возилото за 25mm.

gla brabus3

Во понудата се и бројни можности за индивидуализација на внатрешноста на возилото, како алуминиумски педали на ножните команди, специјални кожни материјали вклучувајќи и детали од Алкантара, украсни лајсни од нерѓосувачки челик на праговите, алуминимски рачки на вратите…

Кога станува збор за интервенцијата на моторите, „Brabus“ за засили погонската единица кај моделот 220 CDI за 40 ks, така оваа верзија развива 210 ks (155 kW) и 410 Nm.

gla brabus4

Благодарејќи на тоа, автомобилот е во состојба од 0 до 100 km/h да забрза за 8 секунди, пред да ги достигне максималните 220 km/h.

Подобрувањето на погонските системи не ги заобиколи ниту бензинците, а „Brabus“ особено го истакнува унапредувањето на „Mercedes GLA 45 AMG“. Oвој модел исто така доби дополнителни 40 „коња“, што неговата моќ ја зголеми од стандардните 360 ks (265 kW), на 400 ks (294 kW), додека максималниот вртежен момент со 450 Nm порасна на 500 Nm.

За забрзување до „стотка“ му е потребно само 4.4 секунди, што е за 0.4 секунди подобро време во однос на класичниот „GLA 45 AMG“, додека максималната брзина изнесува 270 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП