6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците се највреден фудбалски бренд

Баварците се највреден фудбалски бренд

baern trofei

Освојувачот на двојната круна во Германија, Баерн Минхен е највредниот фудбалски бренд во светот. Ова го покажува годишниот рејтинг на консултантската агенција „Brand Finance“. Германскиот гигант е проценет на 896 милиони евра, што значи зголемување на брендот за 36 милиони евра.

Втор е актуелниот европски клупски шампион Реал Мадрид, чија фудбалска марка чини 768 милиони евра и бележи раст од 147 милиони евра, надминувајќи го долгогодишниот лидер во рангирањето Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ паднаа на третата позиција, а нивниот бренд се оценува на 739 милиони евра.

Најголем скок бележи францускиот и шпанскиот шампион. ПСЖ отскокна од 24-тото на 10-тото место со раст од 238 милиони евра и е актуелно оценет на 324 милиони евра. Атлетико Мадрид, пак, од 37-та позиција веќе е на 19-та со раст од 57 милиони евра.

Новиот шампион на Англија, Манчестер Сити за една година се искачи од осмата на петтата позиција и сега чини 510 милиони евра. Инаку во минатогодишното рангирање овој бренд вредеше само 332 милиони евра.

Топ 10:

1 (1). Баерн – 896 милиони евра (860).

2 (3). Реал Мадрид – 768 милиони евра (621).

3 (2). Манчестер Јунајтед – 739 милиони евра (837).

4 (4). Барселона – 622 милиони евра (572).

5 (8). Манчестер Сити – 510 милиони евра (332).

6 (6). Арсенал – 505 милиони евра (410).

7 (5). Челзи – 502 милиони евра (418).

8 (7). Ливерпул – 469 милиони евра (361).

9 (10). Борусија Дортмунд – 327 милиони евра (260).

10 (24). ПСЖ – 324 милиони евра (85).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП