11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony Playstation влегува на кинескиот пазар

Sony Playstation влегува на кинескиот пазар

GameStop Vegas 2013

Играчката конзола на „Sony“ – „Playstation“ наскоро ќе започне да се продава во Кина преку двете заеднички компании кои ќе бидат основани во соработка со еден кинески партнер, соопштија денеска од компанијата „Sony“.

Кинеските власти во јануари официјално одобрија продажба на играчки конзоли произведени во зоната за слободна трговија (FTZ) во Шангај, па така за странските компании како „Sony“, „Microsoft“ и „Nintendo“ е отворен пазар со околу 500 милиони љубители на игри.

Шангајската компанија „Oriental Perl“ соопшти дека ќе основа две заеднички компании со јапонски „Sony“ во „FTZ“, од кои едната ќе се занимава со производство на хардвер, а другата со производство на софтвер.

Во една од тие компании, „Sony“ ќе има удел од 49 проценти, а во втората мнозински удел од 70 отсто, па така ќе може да го произведува и продава „Рlaystation“ и софтверот на пазарот во Кина, се наведува од кинеската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП