5 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакао во април заработи 3,92 милијарди долари од коцкање

Макао во април заработи 3,92 милијарди долари од коцкање

makaokockanje

Кинескиот град Макао, најголемата азиска дестинација за коцкање, само во април од коцкање заработил 3,92 милијарди долари.

Приходите на Макао од коцкање во април се зголемени за 10,6 проценти на 3,92 милијарди долари од 3,54 милијарди долари во истиот период минатата година, пренесува Ројтерс.

За помалку од два месеца Макао од коцкање заработува повеќе отколку американскиот Лас Вегас за цела година, а годишните приходи на Макао минатата година достигнаа износ од рекордни 45 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП