3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликации за подобри фотографии направени со смартфон

Апликации за подобри фотографии направени со смартфон

foto moto

Вградените камери во смартфоните веќе се доволно добри и повеќето луѓе ги користат како основен апарат. Сепак, нивниот стандарден софтвер целосно не ги користи нивните можности.

Онлајн изданието „CNET“ објави листа со неколку дополнителни апликации кои овозможуваат да се прават доста подобри слики.

„Afilter“

Бесплатната апликација „Afilter“ е добар избор за љубителите на додавање на различни ефекти на фотографиите. Програмот располага со околу 250 филтри, кои можат да се персонализираат од корисникот и да се додадат на готови слики. Покрај тоа постојат можности за корекција на различни вредности како изложеност, бои и друго. Во моментов таа е достапна само за „iPhone“.

„VSCO Cam“

Апликацијата што се нуди бесплатно за „Android“ и „iOS“, а „VSCO Cam“ исто така нуди голем сет на готови филтри за уредување на слики. Достапни се и опции за прилагодување на експозицијата и бојата, интерфејсот е максимално опоростен. Се разбира, постојат многу слични апликации, чии карактеристики се слични и се потпираат главно на брзината и едноставните можности. Паралелно со нив, сепак постојат и програми кои располагаат со доста поголеми способности.

„Pixlr Express“

Оваа апликација претендира да биде целосно опремен уредник на слики директно на смартфонот, иако поудобно за прецизна работа е со таблет. Таа овозможува комплетна редакција на фотографии, да се додаваат ефекти, сечење, елиминирање на „црвени очи“ и друго. Има и режим за автоматско оптимизирање на кадрите, кој софтвер самостојно проценува она што треба да се промени, за да ја направи сликата поубава. Апликацијата е достапна за „Android“ и „iOS“ и е бесплатна.

„Photo Editor by Aviary“

Конкурент на „Pixlr“, кој исто така се нуди бесплатно за „iOS“ и „Android“. Апликацијата става акцент над филтрите и ефектите, но паралелно со нив располага и со бројни можности за уредување на кадрите. Достапна е и функција за враќање на промените, која е корисна ако човек си го смени мислењето во процесот на обработката.

„Snapseed“

Еден од најпопуларните избори на многумина. Интерфејсот на апликацијата се потпира главно на управување со гестови низ екранот и помалку на притискање на копчиња. Располага со познатите сетови од филтри и можности за уредување. Една од практичните функции на софтверот е директна споредба на оригиналната слика со обработуваната верзија. Така лесно може да се провери дали се внесуваат некакви подобрувања во сликата или всушност се случува токму спротивното. Апликацијата исто така се нуди бесплатно за „Android“ и „iOS“. Понекогаш, сепак најдобро е сликата да се „обработи“ пред да биде направена. Повеќето љубители на фотографијата преферираат да подесуваат параметрите на фото апаратот за да извлечат максимално интересни кадри. Кај телефоните тоа е исто така можно, ако нивната оригинална апликација за преземање на слики биде заменета со друга.

„Camera FV -5“

„Camera FV -5“ е слична и дава можност за доста прелиминарни поставувања. Не располага со предефинирани режими, па создавањето на добри кадри целосно зависи од блискоста на корисникот. Се разбира и од можностите на неговиот паметен телефон, бидејќи на крајот софтверот треба да се усогласи со хардверските можности на неговата камера. Апликацијата се нуди само за „Android“ и чини 3,95 долари.

„645 Pro Mk II“

Апликацијата е само за „iOS“ и чини 4 долари. Таа исто така дава пристап до широк спектар функции и подесувања. Покрај тоа има способност да ги зачувува фотографиите во „TIFF“ формат без никаква компресија. Достапни се и повеќе филтри и формати за љубителите на креативната фотографија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП