2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајновата верзија на Chrome сега поддржува гласовно пребарување

Најновата верзија на Chrome сега поддржува гласовно пребарување

chrome glas

Во новата верзија на интернет прелистувачот „Chrome“е воведена поддршка за гласовно пребарување. Преку неа корисникот ќе може да користи и неколку дополнителни функции, а притоа повторно да го користи својот глас.

Функцијата е активрана постојано, но само е потребно на компјутерот да е поврзан микрофон. Корисникот само треба да изговори „OK Google“, кога отворил нов таб во прелистувачот или сајтот на „Google“. Тогаш автоматски се активира гласовното пребарување и корисникот ќе може да пребарува преку клучни зборови.

Гласовниот режим ќе овозможува и неколку дополнителни функции. Меѓу нив е можност за создавање на тајмер за одредено време. Ако корисникот го поврзе профилот со „Google Now“, ќе може да дава команди и до виртуелниот асистент на „Google“.

Можностите ќе бидат достапни за „Windows“, „Mac“ и „Linux“ компјутеритеза неколку дена. Првично ќе може да се употребува само англиски јазик, а постепено ќе се додадат и други.

Функцијата се деактивира стандардно, како што се активира, при посета на пребарувачот на „Google“, со кликнување на иконата со микрофон и притискање на копчето „Enable OK Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП