27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG официјално го претстави смартфонот L35

LG официјално го претстави смартфонот L35

lg35

Најновиот смартфон од „LG“ доаѓа како „L35“, а тоа е воедно и најевтинот модел во нивната „L III“ серија.

„L35“ доаѓа со 3.2 инчен „IPS“ екран со резолуција од 480 x 320 пиксели и густина од 180 ppi. Уредот работи со процесор од две јадра „Snapdragon 200 SoC“ со такт од 1,2 Ghz, има „Adreno 302“ графика, 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија од која на корисникот му е достапно само 1,4 GB.

Доколку ви е потребен поголем простор од првичните 4 GB (1,4 GB) истиот можете да го проширите со „micro SD“ мемориска картичка со дополнителни 32 GB. „L35“ има вградена поддршка за „3G“, „Wi-Fi 802.11“, „Bluetooth 4.0“, „GPS“ и „micro USB“ порт. Димензиите на уредот се 109,4 x 59 x 11,9 милиметри, додека тежината изнесува 107,4 грама.

Батеријата на смартфонот има капацитет од 1540 mAh, што според „LG“ е доволно за 5 часа разговор, односно 350 часа во мирување. „LG“ овој модел го опреми со најновиот „4.4.2 KitKat Android“ оперативен систем.

Засега не се знае точниот датму за почеток на продажбата, како ни цената која „LG“ има намера да ја бара за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП