24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle развива таблет кој може да создава 3D слики

Google развива таблет кој може да создава 3D слики

google tableti

„Google“ развива нов таблет, кој ќе располага со можност за креирање и прикажување на 3D слики. Уредот е дел од „Project Tango“, кој развива слични технологии и кај паметните телефони, пишува весникот „The Wall Street Journal“.

Следниот месец „Google“ ќе направи околу 4 илјади примероци од таблетот, кои ќе ги користи за своите тестови. Уредот користи 7-инчен екран, има две камери на задниот дел, инфрацрвени сензори и софтвер кој создава 3D слики на направените објекти.

Компанијата не ја исклучува варијантата да ги демонстрира можностите на таблетот за време на својата годишна конференција, која е на крајот на јуни годинава.

Во февруари компанијата веќе претстави паметен телефон со слични способности. Тогаш како потенцијални придобивки од технологијата „Google“ посочи лесното создавање на внатрешни карти, кои ќе им помагаат на лицата со оштетен вид за полесна навигација во поголеми згради и трговски центри.

Дел од таблетите ќе бидат дадени и на програмери кои ќе развиваат апликации и да ги тестираат можностите на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП