18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако Kia стигна до 30 милиони возила за 5 децении

Како Kia стигна до 30 милиони возила за 5 децении

kia 30

Најстариот корејски производител на автомобили, „Kia Motors“, до крајот на мај ќе го произведе 30-милионитото возило во својата 52-годишна долга историја.

„Kia“, која од 2000-та година делува под „капата“ на „Hyundai Motor Group“, дo крајот на април има продадено 29,93 милиони возила. Просечната месечна продажба на „Kia“ во 2014-та изнесува околу 260.000 автомобили, па овој производител очекува дека веќе на крајот на мај ќе ја достигнат бројката од 30 милиони примероци.

Се започна во 1962-та година во фабриката Сохара, која се наоѓа во непосредна близина на Сеул, каде од производната лента излезе првата „Kia“, моделот „K-360“, мало возило со три тркала.

kia 302

Првите десет милиони возила произведени се во 2003-та година, а следните десет до 2010-та година.

Значајниот пораст на „Kiа“ се случи по приклучувањето на групацијата „Hyundai Motor“, затоа што дури во 2004-та година прв пат продадоа повеќе од милион возила во една година, а во 2013-та година забележана е рекордна продажба, кога на купувачите ширум светот им се испорачани 2,82 милиони возила.

Од 2000-та година до април 2014-та, продажбата надмина 22,59 милиони автомобили, што е вкупно 3/4 од продадените возила од настанувањето на корпорацијата.

kia 301

Гледајќи според моделите, најпродаван е „Pride“, кој е претставен во 1987-та, a кој до престанувањето на производството пристигна до 3,46 милиони купувачи. Следат и денес актуелните „SUV“ модели „Sportage“ (претставен во 1993-та година) и „Sorento“ (2002-ра).

Веќе долг низ на години, најголем број на автомобили се пласираат на пазарите надвор од матичната Јужна Кореја, а во 2014-та дури 84 проценти од возилата биле испорачани во други земји ширум светот.

„Kia“ дури во 1975-та започна да ги продава своите модели на други пазар и тогаш биле извезени само 10 примероци. Моментално корејскиот производител продава во 170 земји на сите континенти.

Според извештајот на консултантската куќа „Interbrand“, „Kia“ во 2012-та се пробива меѓу 100-те највредни брендови во светот, а нејзината вредност во 2013-та во однос на една година претходно се зголемува за 15% или 4,78 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП