2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer Iconia One 7 пристигна во Европа

Acer Iconia One 7 пристигна во Европа

acer macer

На почетокот на овој месец „Acer“ најави дека кон крајот на мај на европскиот пазар во продажба ќе го пушти новиот „Iconia One 7“ таблет.

Потсетуваме, таблетот „Iconia One 7“ доаѓа со 7-инчен „IPS“ екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели, има процесор „Intel Atom Z2560 SoC“ со такт од 1,6 Ghz, 1 GB работна и зависно од изведбата од 8 или 16GB интерна меморија.

Почетните 8, односно 16 GB интерна меморија по потреба можат да се прошират со „micro SD“ мемориски картички. Таблетот стандардно доаѓа со две камери, предна со резолуција од 0.3 MP и задна со резолуција од 2 MP. Oд техниките на располагање се „Wi-Fi“, „Bluetooth 4.0“, како и „micro USB 2.0“ порт.

Батеријата која ја користи таблетот „Iconia One 7“ има капацитет од 3000 mAh, што според производителот е доволно за вкупно 7 часа непрекината работа. Таблетот располага со „4.2. Jelly Bean“ верзијата на оперативниот систем „Android“. Од „Acer“ најавија дека наскоро таблетот ќе се појави и со најновата верзија „KitKat Android“.

„Iconia One 7“ таблетот може да се нарача преку холандската онлајн продавница „redcoon.nl“, по цена од 149 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП