3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИArchos 64 Xenon изгледа одлично, но е и евтин (видео)

Archos 64 Xenon изгледа одлично, но е и евтин (видео)

archos xenon

Францускиот електронски гигант „Archos“ го претстави најновиот член на своето семејство на паметни уреди – „Archos 64 Xenon“. Уредот припаѓа во категоријата фаблети и со карактеристиките одлично им конкурира на решенијата на останатите компании.

„Archos 64 Xenon“ е првиот член на оваа компанија кој е сместен во категоријата фаблети, уредите кои поради димензиите на екранот од 6.4 инчи, не се дел од категориите паметни телефони и таблети.

Овој уред има 6.4-инчен „IPS“ екран со 1.280х720 пиксели, работи на четири јадрен процесор „Mediatek MT6582 Quad coreA7“ со работен такт од 1.3GHz, еден гигабајт работна меморија и 4 GB за чување на податоци, кој нормално може дополнително да се прошири со „microSD“ картичка. Смартфонот на задната страна има камера од 8 MP, a пак предната е со два мегапиксели.

Димензиите на фаблетот „Archos 64 Xenon“ изнесуваат 90.6х170.7х9.3 милиметри, додека тежината е 232 грама. Уредот истовремено може да работи со две „SIM“ картички, а тоа што звучи примамливо е цената која би требало да изнесува околу 199 евра.

Инаку „Archos 64 Xenon“ го користи оперативниот систем „Android“, поточно верзијата 4.2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП