27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираните DS3/DS3 Cabrio (фото)

Редизајнираните DS3/DS3 Cabrio (фото)

ds3

„Citroen“ и официјално го претстави редизајнот „DS3/DS3 Cabrio“. Двата модели добија нов сет светла кои се во комбинација со „LED“ и ксенонски модули со секвенцијални индикатори, кои се превземени од концептите „Numero 9“ и „Wild Rubis“.

ds31

Покрај новите светла, „DS3“ исто така ги задоволува и „Euro 6“ стандардите со „Blue HDI 100“ и „Blue HDi 120“ моторите кои не само што имаат подобри перформанси, туку се поефикасни кога станува збор за потрошувачката на гориво. Помалата верзија троши само 3L/100km со емисија на „CO2“ oд 79g/km, додека помоќната единица троши 3.6L со 94g/km „CO2“.

ds32

Селектираните пазари исто така ќе добијат „Euro 6 PureTech e-VTi 82 ETG“ мотор кој троши 4.1L/100km и ослободува емисија од 95g/km „CO2“. Овие мотори работат во комбинација со автоматизиран мануелен петостепен „EG“ менувач.

ds33

„Citroen“ ја прошири можноста за обележување на „DS3“ моделот со додавање на ласерско гравирани линии на командната табла, како и на задниот прозор со печатење.

ds34

Моделите сега меѓу останатите, можат да се најдат и во новата колор нијанса која се нарекува „Pearl White“, додека кабриолетот ја доби бојата „Belle-Llle Blue“. Верзијата со статичен покрив може да биде опремена и со новите 17 инчни бандажи, но само за избраните верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП