26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A7/S7 sportback (фото+видео)

Audi A7/S7 sportback (фото+видео)

audi 7

„Audi“ во јавност ги пушти сликите од редизајнот на своите „A7“ и „S7“, спортбек дуото кое во продажба ќе се најде кон крајот на летото.

Дискретниот редизајн започнува од предниот дел каде е присутна новата решетка, изменетиот браник и „Matrix LED“ фаровите кои се изборни и доаѓаат заедно со динамичките трепкачи.

audi 71

Задната страна многу малку е променета, единствено што може да се забележи се новите линии на браникот и подобрите цевки на ауспухот.

Ентериерот остана ист со нови материјали, додатоци и поголема палета на бои.

audi 72

Кога моторите се во прашање, освежениот „A7 sportbасk“ располага  со V6 3.0 TDI дизел мотор со 270KS или 215KS со потрошувачка од 4.7 l/ 100 km, моќниот 3.0 TDI „bi-turbo“ е со 315KS и осумстепен менувач.

audi 73

Оние кои ќе се одлучат за помоќната „S7“ верзија можат да уживаат во моќта на 4.0 TFSI агрегатот со 445KS.

Кога станува збор за цената, во Германија „A7“ ќе чини 51.300, a „S7“ верзијата 82.300 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП