2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid апликации во борбата против комарците

Android апликации во борбата против комарците

komaraccc

Апликациите за паметните телефони во борбата против комарците функционираат така што емитуваат звук со висока фрекфенција (во опсег од 10 дo 22 KHz), кој за повеќето возрасни луѓе е нечуен, а кој најверојано ги одбива женките комарци кои се гладни за нашата крв.

Но, дали овие апликации имаат ефект? Околку одговорите на прашањето не постои консензус. Едни се убедени во неговата ефикасност, додека други тврдат не само што ги бркаат комарците, туки и ги привлекуваат.

Поголемиот дел од овие апликации се бесплатни, па така можете да ги тестирате и да се уверите самите во нивната ефикасност без големи трошоци. Како и сите други апликации, корисно е да ги проверите со некој антивирусен софтвер. Сепак, имајте на ум на тоа дека сите уреди неможат да репродуцираат звуци на овие фрекфенции.

„Anti Mosquito“ – Апликацијата е со големина од 1.3 MB, а работи на „Android 1.6“ и на поновите верзии. Емитува звук во опсег од 12 дo 22 KHz.

„Anti Mosquito – Sonic Repeller“ – Една од најпопуларните во оваа категорија, а апликација е со големина од 2.2 MB и бара „Android 2.1“ или понова. Таа нуди нешто помал опсег на звуци кои ги емитува (14-22 KHz).

„Mosquito Repellent“ – Aпликацијата е со големина од 1.7 MB и може да функционира на „Android 2.2“ и понови верзии. Таа е една од оние кои нудат и можност за емитување на звукот на 10 KHz.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП