2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpotify има 10 милиони претплатници

Spotify има 10 милиони претплатници

spotfiii

„Spotify“ e еден од најпопуларните претплатнички музички сервиси. Компанијата објави дека ја достигнале бројката од 10 милиони корисници на нивните услуги.

Сервисот има вкупно 40 милиони активни корисници. Според службената информација, корисниците досега креирале вкупно 1.5 милијарди листи за репродукција на музика (playlist), a дневно се прават или ажурираат преку пет милиони листи.

Од изведувачите, на сервисот најпопуларни се Еминем и Ријана. Поединечно, најпопуларна песна е на Авичи – „Wake Me Up“ која е преслушана преку 235 милион пати.

„Spotify“ е лансиран во 2008-та година и е достапен во 56 земји што претставува двојно зголемување во однос на една година претходно.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП