3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака ќе изгледа моделот C сlasѕ Estate

Вака ќе изгледа моделот C сlasѕ Estate

mece dolgo

На интернет се појавија првите фотографии од новиот „Mercedes C сlasѕ Estate“, пред официјалното претставување на овој автомобил.

По лимузината, караван верзијата ќе биде вториот модел од најновата генерација на „Mercedes C сlasѕ“ кој пристигнува на пазарот.

Предниот дел на караванот практично е ист како кај седанот, додека задниот дел го карактеризираат широки, дводелни стоп светла кои визуелно се спојуваат со хромирана лајсна, покривен спојлер и хромирани издувни цевки како оние кај „E сlasѕ“.

Врз основа на неофицијални информации, капацитетот на багажниот простор со подигнати задни седишта е поголем од претходната генерација на овој модел и изнесува околу 490 литри.

mece dolgo1

Дизајнот на внатрешноста е ист како и кај лимузината, а од седанот е превземена и палетата на мотори.

Тоа значи дека на почетокот во понудата ќе бидат два бензинци, 1.6-литарски со 156 ks и 2.0-литарски со 184 ks, додека дизел моделот ќе биде придвижуван со 2.1-литарски мотор со 170 ks.

Најмоќната „C63 AMG“ верзија е со 4.0-литарски V8 „bi-turbo“ мотор со околу 480 „коња“, но е предвидена за во 2015-та година.

„Mercedes C сlasѕ Estate“ би требало да има официјална премиера во октомври на авто-саемот во Париз, по што ќе се појави во продажните салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП