3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВеднаш прoменете ги лозинките за eВay!

Веднаш прoменете ги лозинките за eВay!

ebay hack

Најголемата „online“ продавница во светот објави прилично алармантно предупредување, дека се цел на хакерски напад и ги повикуваат корисниците веднаш да ги променат своите пристапни податоци.

Во текот на денешниот ден сите корисници на „online“ продавницата „eВay“ ќе добијат известување дека мораат веднаш да ги променат своите лозинки за пристапот на овој сервис. Тие признаа дека во тек е „жесток“ хакерски напад на нивните сервери, т.е. јавно објавија дека се компромитирани сите кориснички податоци, вклучувајќи ги и лозинките.

Од друга страна, во вториот дел од соопштението се наведува дека истражувајќи го хакерскиот напад било констатирано дека немало неовластен пристап до корисничките податоци, кои пак се дополнително заштитени.

Во секој случај, доколку сте корисник на „eВay“ веднаш би требало да ја промените лозинката за пристап на овој сервис, а наскоро се очекува информација со повеќе од деталите за хакерскиот напад на „eВay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП