27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNetflix пристигнува во уште шест европски земји

Netflix пристигнува во уште шест европски земји

netfix223

Американскиот интернет видео сервис „Netflix“ објави на 21-ви мај дека кон крајот на 2014-та година ќе пристигне во Франција, како дел од големото ширење во Европа, каде има во план да стартува операцијата во вкупно шест земји.

Тие ќе започнат да ги заземаат пазарите од француското и германското говорно подрачје и покрај Франција, својот сервис ќе го понудат уште во Белгија, Швајцарија, Луксембург, Германија и Австрија.

„Веднаш од стартувањето, корисниците на интернет со голем проток во тие земји ќе можат да се претплатат на „Netflix“ и да гледаат голема селекција на телевизиски серии, холивудски, домашни и странски филмови, вклучувајќи и оргинални „Netflix“ серии, и тоа каде и кога ќе посакаат на своите телевизори, таблети, телефони и конзоли за игри“ се вели во соопштението на „Netflix“.

„Netflix“ стекна углед по својата голема селекција на телевизиски програми, но во скоро време и по својата продукција со која им конкурираат на традиционалните телевизиски куќи, како што е серијата „ House of Cards“, која доби повеќе награди, вклучувајќи го и Златниог Глобус за главна женска улога на Робин Рајт.

Доаѓањето на „Netflix“ во Франција е долго очекувано, но истовремено од неговото доаѓање стравуваат работодавците поврзани со аудиовизуелните услуги, а особено кината, кои стравуваат дека ќе ги загубат гледачите.

Засега „Netflix“ не даде точен датум за стартување на операцијата во тие шест нови европски земји, ниту се откриени информациите за цените на месечната претплата. Единствена најава од „Netflix“ укажува на тоа дека цената на нивните услуги ќе биде „пристапна“.

Во САД моменталната претплата за „Netflix“ чини 7,99 долари. Сервисот е присутен во околу 40 земји, а минатиот месец беше најавено зголемување на претплатата за еден или два долари, во зависност од земјата.

„Netflix“ во последниве 12 месеци многу инвестираше во Европа, каде од 2012-та го стартуваше сервисот во Велика Британија, Ирска, Данска, Финска, Норвешка и Шведска, а од минатата година оваа услуга ја нудат и на корисници во Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП