26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes сепак нема да прави субкомпактно возило

Mercedes сепак нема да прави субкомпактно возило

malo mece

Најмалиот автомобил во понудата на „Mercedes“ и натаму ќе остане „A сlasѕ“, иако нивниот бренд „Smart“ би можел да ја прошири понудата во субкомпактниот сегмент и да конкурира на „Аudi A1“, соопшти извршниот директор на „Daimler“, Дитер Цече.

„Долго време размислувавме да ја прошириме понудата на „Mercedes“ во B(субкомпакт) сегментот и одлучивме дека сепак тоа нема да се случи. Постои можност „Smart“ да се прошири во субкомпактниот сегмент, но се уште немаме ништо решено“, вели Цече.

Извршниот директор на „Daimler“ рече дека би било навистина тешко „Mercedes“ да профитира од ваквиот потег затоа што во сегментот има голема конкуренција од страна на „Аudi A1“ и големиот број на модели од брендот на „BMW“ – „MINI“.

Кога станува збор за „Smart“, тој оваа година ќе ја претстави третата генерација на „ForTwo“ двоседот и втората генерација на „ForFour“ четвороседот кој ќе ги вкрсти „копјата“ со мини автомобилите како „Fiat 500“ и „Оpel Аdam“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП