4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung доминира на пазарот на паметни часовници

Samsung доминира на пазарот на паметни часовници

sam gear2

Паметниот часовник на „Samsung“, моделот „Galaxy Gear“ зазема 71 процент од пазарот, откако вкупните испораки на овој уред во првите три месеци од годината, речиси за повеќе од двојно се зголемија во однос на истиот период од пред една година.

Околу половина милион паметни часовници на „Samsung“ беа испорачани во текот на првиот квартал од 2014-та.

Ова го потврдија резултатите кои ги направи истражувачката компанија „Strategy Analytics“.

Според истражувањето во првиот квартал од 2014-та година, вкупно биле испорачани околу 700.000 паметни часовници, што е зголемување од 250% во однос на истиот период од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП