26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda наскоро ќе одлучи за судбината на европскиот Accord

Honda наскоро ќе одлучи за судбината на европскиот Accord

honda accord 2012

Јапонскиот производител се уште не донесе конечна одлука дали на купувачите ќе им ја понуди новата генерација на т.н. европска верзија на моделот „Accord“. Ако автомобилот и добие зелено светло за производство, не треба да се очекува дека на пазарот ќе се појави пред 2016-та година.

„Honda“ во текот на развојот на „Accord“ примени формула на два типа на автомобили, кои се наменети за различни пазари. Европскиот „Accord“, кој се продава и на другите светски пазари, како што се јапонскиот, кинескиот и австралискиот. Додека во САД се пласира во рамките на марката „Acura“, под ознаката „TSX“.

Од друга страна, на купувачите во САД им е понудена посебна верзија на „Accord“, која според дизајнот и големината се разликува од европскиот модел. Најновата, деветта генерација на американскиот „Accord“ е претставена во 2012-та година, додека во Европа во понуда е се уште осмата генерација која започна да се продава во 2008-та година.

Иако оттогаш поминаа шест години, од „Hondа“ се уште нема официјална потврда дали ќе се произведува новиот европски „Accord“.

„Очекуваме дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку месеци“, вели директорот на „Honda Australia“, Стефан Колинс.

Тој не објави повеќе информации, но додаде дека компанијата би требало да ја продолжи стратегијата за производство на два паралелни модели, затоа што таа досега се покажа како успешна. Според неговите зборови, позитивната одлука за нов европски „Accord“, би значела дека тој модел ќе се најде во продажба најрано до 2016-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП