18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТелефон кој можете да го имате Вие и уште 99 луѓе (видео)

Телефон кој можете да го имате Вие и уште 99 луѓе (видео)

gressooto

Во морето на мобилни телефони со платформата „Android“, тешко е да се биде единствен, па затоа ви претставуваме уред кој тоа ќе ви го овозможи.

Руската компанија „Gresso“ прави ексклузивни уреди, а тоа важи и за нивниот најнов модел.

Станува збор за смартфонот „Radical Black“ од истоимената серија, кој е направен од титаниум. Уредот е рачно полиран, а разубавен е со врежано лого исполнето со бело злато.

Кога станува збор за внатрешноста, таа е составена од сосема „обичен“ „Android“ – верзијата 4.1.2., а користи неименува процесор со четири јадра.

Смартфонот има екран од 4.5 инчи со 960×540 пиксели и камера од 8 MP.

Во овој телефон има 36 GB простор за складирање, а е специфичен по тоа што поддржува две сим картички.

Како и другите паметни телефони на овој производител, и моделот „Radical Black“ е претставен во ограничена серија од само 100 примероци. Но, единствената лоша страна е неговата цена, таа изнесува точно 3.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП