25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ белата техника станува „паметна“

И белата техника станува „паметна“

LG-Smart-Appliance

Апликациите за испраќање пораки во рамките на социјалните мрежи стекнаа голема популарност ширум светот.

Затоа, јужнокорејскиот електронски гигант ЛГ сака во прв план во Азија да ја стави популарната апликација за пораки Line, која е во сопственост на корејска фирма, со седиште во Јапонија, и преку неа корисниците да комуницираат со апаратите за домаќинство.

ЛГ објави дека нивната нова генерација „паметна бела техника“, во која спаѓаат машините за перење алишта, робот-правосмукалките, рерните…, ќе бидат во состојба да примаат инструкции (и да одговорат) преку Line, која има над 130 милиони корисници ширум светот.

Тоа значи дека корисниците ќе можат да испратат порака на својот паметен фрижидер, на пример, да ја намали температурата на ладење или да се вклучи робот-правосмукалката, како и да добиваат известување дека машината ја испрала облеката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП