3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM казнет со рекордни 26 милиони евра

GM казнет со рекордни 26 милиони евра

General Motors

Американската агенција за безбедност во сообраќајот го казни „General Motors“ со рекордни 26 милиони евра поради ненавремениот отповик на возилата поради неисправната контакт брава.

Како дел од договорот, „GM“ потпиша налог за согласност врз основа на кој оваа агенција има целосен пристап до нивната внатрешна истрага, со цел да се осигура дека нејзините вработени ги пријавуваат проблемите со безбедноста во врска со управувањето и „GM“ да го забрза процесот на отповик на автомобилите.

Давид Фридмен, вршител на должноста администратот на споменатата агенција тврди дека нема никакво оправдување и дека нема да биде дозволено било што да стои на патот за компанијата да ги исполни своите обврски во што е можно најкраток временски период и да ги реши потенцијалните проблеми.

Тој нагласи дека е од суштинска важност производителите да реагираат на време и да ги отстранат безбедносните недостатоци кај кои постои можност да дојде до повреда или жртви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП