3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan 370Z Nismo е поагресивен и помоќен од претходникот (фото)

Nissan 370Z Nismo е поагресивен и помоќен од претходникот (фото)

nisi

По неколку неофицијални фотографии, „Nissan“ официјално го претстави својот „370Z Nismo“ модел. Ова возило изгледа поагресивно од својот претходник и има преден дел инспириран од моделот „GT-R“ со „LED“ светла за дневно возење.

nisi1

Тука се и црните рамки на предните светла, како и црвените украси на предниот спојлер. Автомобилот е опремен со ревидирани странични додатоци, нов заден спојлер, како и 19 инчни алуминиумски бандажи со сива завршница.

nisi3

Во кабината се наоѓаат „Recaro“ седишта, волан од алкантара, како и црвен тахометар. Купувачите можат да ја порачаат и новата „Tech“ верзија во која се наоѓа „Bose“ аудио системот, ретровизорот кој се затемнува по потреба, како и „HomeLink“ систем со 7 инчен екран чувствителен на допир со „GPS“ навигација. Погонот на овој модел е обезбеден од 3.7-литарскиот V6 мотор кој развива 350ks и 374Nm вртежен момент.

nisi2

Овој агрегат може да се поврзе со шестстепен манелен менувач или со новоразвиената седумстепена автоматска трансмисија, која поседува опции како што се „Downshift Rev Matching“, „Adaptive Shift Control“ и мануелен режим на работа. Овој модел во продажба ќе се појави во јули, но засега нема информации за цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП