29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHamann го „нашминка“ новиот BMW X5 (фото)

Hamann го „нашминка“ новиот BMW X5 (фото)

hamann x5 1

Германски „Hamann“ во својата богата понуда има и комплетна тјунинг програма наменета за новата генерација на „BMW X5“ (F15).

Новиот „BMW X5“ така доби комплетен тјунинг кит кој покрај „aero body“ пакетот содржи и модифирана суспензија (ваквиот „X5“ e понизок за 40 mm), спортски издувен систем од нерѓосувачки челик и четири издувни цевки, сет нови алуминиумски тркала (вклучувајќи ги и оние од 22 инчи), како и комплет за дотерување на внатрешноста (алуминиумски педали, алкантара, „Hamann“ лого на потпирачите за глава…).

hamann x5 11

„Aero body“ комплетот инаку подразбира променети браници, преден спојлер, сет на прагови, проширени крила, заден покривен спојлер и заден дифузор.

Нормално и моторите добија модификација. Така верзијата „X5 xDrive50i“ има 4.4 литарски V8 агрегат засилен на 490KS и 707 Nm, „X5 xDrive35i“ сега располага со 42KS и 50 Nm повеќе, „X5 M50d“ е зголемен на 434KS и 830 Nm, „X5 sDrive25d“ и „X5 xDrive25d“ нa 251KS и 502 Nm, „X5 xDrive30d“ нa 295KS и 605 Nm, a „X5 xDrive40d“ нa 355KS и 695 Nm.

hamann x5 111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП