2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗлатните правила на Фејсбук

Златните правила на Фејсбук

azzz

Истражувачите од Државниот Универзитет во Аризона користеле фокусирани групи и студентски прашалници за да ги откријат најважните правила кои треба да се следат за луѓето да ги задржат своите Фејсбук пријатели.

1. Очекување на одговор

Речиси сите корисници од анкетата се согласиле дека реципроцитетот е важен. Доколку некој постира на вашиот ѕид на Фејсбук, тогаш тој очекува ваш одговор.

2. Без навредувачка содржина

Постирањето на навредувачка содржина или содржина со која не се почитува пријател на Фејсбук се смета за лоша форма.

3. Размислувајте пред да постирате

Важно е да го земете в предвид негативното влијание кое може да го има постот на некој пријател пред да се одлучите да постирате.

4. Немојте повторно да постирате

Ако вашиот пријател го избриши постот на неговиот ѕид или тагот кој што вие сте го направиле, тогаш се смета за некултурно ако повторно ја постирате содржината.

5. Не глумете странец

Фејсбук не се смета за замена на „лице во лице“ интеракцијата. Вистинските пријатели треба да се контактираат и преку другите средства за комуникација, покрај Фејсбук.

6. Бидете искрени

Корисниците сметаат дека треба да се претставувате себеси искрено и позитивно на Фејсбук.

7. Немојте да бидете зависни

Седењето постојано на Фејсбук и спречувањето во вашата работа се смета за голем минус кај една личност, особено затоа што седењето може да премине во опсесија.

8. Зашитете се себеси

Немојте да постирате информација која пријател или познаник подоцна може да ја искористи против вас.

9. Повторно размислете

Голем број корисници велат дека го применуваат правилото на „здрав разум“ во нивните интеракции со Фејсбук пријателите.

10. Се е поврзано со работата

Пред да ставите нешто, размислете како тоа би му изгледало на еден работодавец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП