5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOдложена аквизицијата на Beats?

Oдложена аквизицијата на Beats?

beats apps

Минатата недела како бомба одекна веста дека „Apple“ ќе ја купи компанијата „Beats“, најпозната по производството на тренди слушалки. Официјална потврда за ова се уште нема, а извори блиски до компаниите велат дека процесот е одложен за одреден период.

Потпишувањето на договорот ќе се случи до крајот на следната недела, а причината за ова одложување се уште не е позната. Потоа, процесот на аквизиција треба да биде финализирана во период од два месеци.

Аналитичарите веруваат дека купената технологија ќе му помогне на „Apple“ за враќање на „iTunes“, но и подобрување на квалитетот на хардверот за звук кој компанијата го произведува.

Вредноста на оваа аквизиција изнесува 3.2 милијарди долари. Основачите на „Beats“, Др. Дре и Џими Иовине најверојатно ќе добијат некои раководни места во „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП